Родителите на Јана за Сител: Се чувствуваме како со пепел да сме полни, ова да не се случи на никого

Ова да не се случи на никого, ниту на душман. Се чувствуваме како да немаме органи како со пепел да сме полни, ни емоции имаме ни чувства имаме повеќе – велат родителите на малата Јана, Кристина и Стојче за Сител, со солзи во очите.

– Ние не сакаме да ги обвиниме лекарите дека намерно згрешиле или намерно сакале да му го одземат животот на детето. Само ние мислиме дека толку им е знаењето, кажа Кристина, мајката на малата Јана додавајќи дека Јана никогаш немала никакви хронични заболувања, а најмалку шеќерни или срцеви заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e