Родителите бараат видео надзор во градинките

Целата македонска јавност беше шокирана од односот на негователка од градинка во Гевгелија, откако на социјалните мрежи се појави видео како истата се обраќа со погдни зборови кон дете. Институциите веднаш реагираа и беше испратена инспекција во истата градинка да се утврди како и зошто тоа се случувало.

Претседателот и основач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Драги Змијанац, за „Фокус“ даде свој коментар околу целата ситуација. Тој апелираше на поинтензивна соработка со родителите на овие деца и поголема едукација за децата во најрана возраст.

„Треба да има добро обучени негувателики и воспитувачки, со соодветна награда за нивниот труд, интензивна соработка со родителите и постојана доедукација за работа со децата од најраната возраст се клучните чекори што Министертвото за труд и социјална политика треба да ги преземе во градинките.

Контролата на работата на негувателките и воспитувачките се извршува преку посојано подобрување на квалитетот на услугите во работата со децата, со вработвање на компетентен и посветен персонал, кој го става детето неговите потреби на прво место во сите активности што ги презема градинкатата како воспитна, образован и згрижувачка институција“, ни изјави Змијанац.

Според него, последниот настан создаде голема недоверба кај родителите, и како што вели, тие почнале да бараат видео надзор додека нивните деца престојуваат во градинките.

„Министерството за труд и социјалн политика мора сериозно да посвети внимание на подобрување на квалитетот и бројот на службите за ран детски развој, да се одржуваат високи стандарди на услугите . На овој начин, Првата детска амбасада во светот Меѓаши упатува апел до ресорното министерство да обезбедат професионални програми за обука, акредитација и стандарди за евалуација на сите нивоа на услугите за сите лица кои работат во градинките со деца. Родителите загрижени од состојбата во која се најдоа децата во неколку градинки се обратија до Детската амбасада Меѓаши со иницијатива родителите да можат да вршат видео надзор додека нивните деца престојуваат во градинката.

Оваа недоворба која се создаде на реалција родител-градинка-Министерство за труд и социјална политика упатува на потреба од поголема взаемна соработка и потреба од поголема партиципација на родителите во претшколските установи“, додаде Змијанац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e