Ревизорите на кафе во СЈО, излегле без документи

Ревизори влегле во просториите на Специјалното јавно обвинителство, но наместо со документи, од институцијата излегле со празни раце, потврдиле за Локлано вработени во СЈО.

Според нив, отуството на официјален претставник откако Специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинета за „Рекет“ беше разрешена на еден ден пред завршување на мандатот, по што прекина мандатот на сите обвинители од СЈО и беа вратени во ОЈО, вклучувајќи ги и заменичките на Јанева, било клучно ревизорите да испијат кафе и да си заминат од просториите на обвинителството.

Во меѓувреме, без шеф остануваат и ревизорите кои влегоа во СЈО, поради немањето консензус во Собранието за избор на Државен ревизор.

Власта и опозицијата излегуваат со преписки за тоа кој е виновен за кочењето на овој процес, исто како што се обвинуваат и за кочењето за Законот за јавно обвинитлество, со што би се решиле проблемите со платите на вработените во СЈО и другите трошоци на обвинителството сместено на Рузвелтова, но и за тоа кој ќе биде овластен да потписник со цел да нема вакви слични кочења.

Целиот текст прочитајте го на Локлано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e