„Рекет“: Боки 13 не бил во „свесна и рационална состојба“

Четириесет и пет минути се одложи почетокот за процесот „Рекет“ поради доцнењето на првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски. Тој пред судијката изјави дека „не е во свесна и рационална состојба“.

„Не се чуствувам добро, повраќам, не можам да седам имам желба да учествувам во овој процес. Јас немам добиено терапија за новата дијагноза и наутро повраќам стално. Не сум во свесна и рационална состојба, иако сам барав да бидам донесен во судницата, изјави Јовановски пред судијката Васка Николовска Масевска.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски, изјави дека за состојбата на Јовановски укажувал со месеци.

– Детално и децидно сме спремни за овој процес. Не сакам да бидам погрешно разбран. Не сакам во ниеден момент да се добие впечаток дека сакаме да го одолговлечеме процестот. Терапијата му е прекината. Вие проценете дали и како ќе постапите во конкретниот случај, изјави Дуковски.

Обвинителката Вилма Рускоска посочи дека лекарите утврдиле дека првообвинетиот Бојан Јовановски е во добра состојба.

– Јас верувам дека е така. Ниту еден лекар не би си ја ризикувал лиценцата, смета таа.

Судијката донесе решение медицинска екипа ќе го прегледа Бојан Јовановски за да се установи неговата состојба, по што се повлече.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e