Реакција на Лекарска комора до ДПМНЕ: На Закон за докторска дејност работиме со години, нема да бидеме цел на злоупотреба за дневнополитички цели

Лекарската комора реагираше на Предлог законот за докторска дејност на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, појаснувајќи дека тие нема да бидат цел на злоупотреба за дневнополитички и партиски цели.

Соопштението на ЛК го објавуваме во целост:

На Закон за докторска дејност Лекарската комора на Македонија работеше со години, а основите на една таква законска рамка се иницирани и почнати пред повеќе од 10 години. Во целиот тој период се менуваа и дополнуваа различни верзии на одредбите на едно вакво законско решение и тоа во мандатите на повеќе раководства на Лекарската комора, а Предлог закон за докторска дејност,  речиси идентичен со овој чиј подносител е пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ  е подготвуван повеќе од две години  во Лекарската Комора на Македонија од страна на посебно делегирана комисија. И покрај укажувањата дека е потребна негова доработка, истиот е усвоен  со 34 гласа од вкупно 69 делегати, на последното Собрание на предходниот состав на ЛКМ одржан на 23 февруари 2017 година.

Состав кој, впрочем, иако беше со изминат мандат подолго од една година, не само што усвои  текст на Предлог закон за докторска дејност, туку донесе и измени и дополнувања на Статутот на ЛКМ, правилнци, деловници и други значјни акти за работата на оваа професионална асоцијација со јавни овластувања.

Тој и таков Предлог закон потоа е  испратен во Министертство за здравство на Република Македонија во средината на март 2017.

Како Лекарска комора на Македонија, сметаме дека овој Предлог закон е нецелоцен и треба да биде подложен на дополнителна доработка како би бил функционален и корисен за сите структури на докторската фела и системот во целина.

Би сакале да потенцираме дека Лекарската Комора на Македонија, со идејата за подготовката на овој закон имаше единствена цел – да се подобрат условите и работата на докторите, односно со еден таков нормативен акт да се утврди местото, улогата, правата и обврските на докторите, односно докторската дејност јасно да се дефинира како дејност од јавен интрес.

Лекарската комора нема да дозволи нејзиното експертско знаење и стручност, како и обезбедување на подобри услови за работа на докторите, да биде цел на злоупотреба за дневнополитички и партиски цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e