Разрешен еден од „најдолговечните“ директори поставен од ВМРО-ДПМНЕ

Бранислав Светозаревиќ е разрешен од функцијата директор на националната установа – Музеј на македонска борба за државност и самостојност, ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим. На негово место како вршител на должност е поставена историчарот Даниела Николова.

По професија, историчар и архивист, Светозаревиќ беше назначен како управител на музејот во 2010 уште додека тој беше во изградба. Неговата функција траеше повеќе од една година откако новата политичка номенклатура предводена од СДСМ дојде на власт.

Светозаревиќ редовно ги бранеше политиките кои се водеа околу оваа установа, а истовремено беа на критика од јавноста.

Овој музеј го следат низа контроверзи и во моментов тотално е разнишано неговото функционирање како дел од проектот Скопје 2014.

Специјана ад-хок комисија од Министерството за култура утврди дека институцијата идеолошки е „застранета“ само низ партиска призма, а истовремено многу пари беа преплатени за неговата изградба и инвентарот.

Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски во една прилика рече дека музејот само за струја годишно трошел 6,5 милиони денари.

На терасата во овој музеј ВМРО-ДПМНЕ организираше родендеска прослава за 27-годишнината од формирањето.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e