РАЗНОГЛАСИЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Дали XС Злетовица ги скара Трипуновски и Димовски?

Техничкиот дополнителен заменик-министер за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски и поранешниот министер за земјоделство од Социјалистичка партија, Љупчо Димовски денеска со две дијаметрално спротивни изјави а во врска со хидросистемот Злетовица.

Трипуновски, од кратовскиот регион откако ја обвини владејачката партија дека не ја изградиле втората фаза од  хидросистемот Злетовица, тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја иградило првата фаза на овој хидросостем.

cvetan

Веднаш после изјавата на Трипуновски, со своја реакција на фејсбук се јави поранешниот министер за земјоделство од Социјалистичката партија која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски, спротивно на изјавата на Трипуновски, потенцира дека неговата партија со 2 министри за земјоделство и 2 директори на хидросистемот се, како што вели, единствените кои го изградиле ХС Злетовица и дека, според него, тоа е потврда на посветеноста на македонските социјалисти.

 

dimovski

Познавајки го фактот дека Љупчо Димовски е претседател на Социјалистичката партија и она што два пати во реакцијата на фејсбук ја потенцира улогата на неговата партија, може да се заклучи дека сепак во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не цветаат рози, посебно во делот на земјоделството.

Пред неколку недели Трипуновски објави фотографии од неговиот кабинет од каде се пофали дека имал средба со поранешни министри за земјоделство, меѓу кои го немаше токму Димовски.

428622441_944406043919826_556299752150406709_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e