Растот на економијата во 2020 проектиран на 3,8 отсто, дефицитот 2,3

Растот на економијата следната година според владината проекција е 3,8 отсто, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарски прашања, споделувајќи ги основните контури од буџетот за 2020 година која е во владина процедура.

Според неа, буџетот треба да биде усвоен следнава недела на седница на Влада, а дека во фокусот на буџетот за 2020 година е инвестирање во човечкиот капитал.

Истакнувајќи дека ќе биде соопштен пред јавноста предлог буџетот за 2020 година откако ќе биде усвоен на Влада, сподели само податок за расатот на економијата и дека дефицитот ќе биде 2,3 отсто согласно фискалната стратегија.

Раст на економијата следната година од 3,8 отсто проектира и Народната банка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e