Расте излезноста: Над 30 отсто до 15 часот, драматично поголема излезност на многу места во однос на првиот круг

До 15 часот на вториот круг од претседателските избори гласале 527.068 избирачи или 30,34 отсто од вкупниот број гласачи, според обработени 95,67 избирачки места. Тоа значи дека речиси 20.000 гласачи повеќе излегле во вториот круг во споредба со првиот круг кога одѕивот до 15 часот беше 28,20 отсто или 507.129 избирачи од обработени 99,47 отсто избирачки места.

Најголем одѕив по општини до 15 часот има во Македонски Брод – 49,45 отсто, Крива Паланка – 52,61 отсто, Демир Капија – 49,17 отсто, Демир Хисар – 48,09 и Крушево – 47,68 отсто.

Најнизок одѕив има во Желино – 9,03 отсто, Боговиње – 10,49 и Центар Жупа – 11,96 отсто.

Паралелено со претседателските избори, во Ново Село и Охрид се гласа и за градоначалник. Во Ново Село до 15 часот гласале 3.839 или 33,78 отсто од гласачите, а во Охрид гласале 18.347 гласачи или 35,1 отсто.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, соопшти дека гласањето од отворањето на избирачките места во 7 часот тече мирно, непрекинато и без неправилности. Досега до ДИК е пристигнат еден приговор од гласач во Неготино за заштита на лично избирачко право, односно пријавил дека не бил запишан во избирачкиот список. ДИК ќе го разгледа приговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e