Рамковски: Груевски ми се јавуваше секој ден откако ќе завршеа вестите на А1

Сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски на панел дискусијата на „Цивил“ насловена како „Жртви на режимот“ зборуваше времето поминато во затворот, но и за односот на поранешната власт кон него, како сопственик на критички медиум.

„Само гробот е полош од затворот. Првите денови во Шутка не можев да дишам. Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес, скоро час и половина траеше претресот. Психолошка војна“, истакна Рамковски.

Тој зборуваше и за тоа дека немало ден, а да не му се јави Груевски откако ќе завршеле вестите на А1 телевизија.

„28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен, дури и после три години, Груевизмот ме плаши, сите не плаши“, додаде Рамковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e