Протест против отворањето на рудникот Иловица-Штука (ВИДЕО)

Стотина лица протестираат денеска пред Владата против отворањето на рудникот Иловица-Штука. Побараа од властите итно да ја завршат постапката за одземање на концесијата за рудникот.

„Здравјето пред профитот“ е порака која ја испратија струмичани од пред Владата.

„Имено во јули 2019, Министерството за економија го одби барањето за дозвола за експлоатација (3 години после законски рок) и таа одлука ја потврди Второстепената комисија во октомври 2019. Веднаш потоа Министерството за Економија го потпиша предлог решението за еднострано раскинување на концесијата и го стави во владина процедура за да излезе на седница на влада и да се реши ова конечно. Согласно законите за одземање на концесијата не е потребно да се чека никаква одлука на Управен Суд туку само да се стави на дневен ред на седница на влада веќе потпишаното предлог решение и да се изгласа еднострано раскинување на концесијата.

Свесни сме дека за месец и половина ќе дојде техничка влада и дека тогаш ќе нема ингеренции да решава за ова важно прашање. Затоа е овој мирен протест, за да ја потсетиме и охрабриме владата да постапи согласно заложбите и потребите на граѓаните кои се доста јасно изразени. Свесни сме дека Владата ги имаат аргументите и знаат дека законот е на наша страна за што и веќе направија исчекор во вистински правец. Останува само да се заврши до крај ова работа и да се одземе концесијата на Еуромакс Ресурси согласно законот за минерални суровини“, се вели во нивниот повик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e