Прошверцуван во Будимпешта – „Седеше на маса покрај прозорец, во друштво на една госпоѓа“ –

Поранешниот премиер Никола Груевски, актуелен бегалец во Будимпешта, деновиве повторно бил виден во главниот град на Унгарија. Имено, Радио Слободна Европа (РСЕ) на унгарски јазик на Фејсбук објави фотографија од Груевски за која тврди дека била направена во средата вечерта, во ресторанот „Токио“.

„Никола Груевски повторно беше виден во Будимпешта. Груевски, кој побегна во Унгарија во ноември 2018 година од последната затворска казна, беше фотографиран во ресторанот ‘Токио’ во центарот“,пишува на фејсбук-профилот на Радио Слободна Европа на унгарски јазик.

Во описот на фотографијата се додава дека Груевски бил во друштво на една госпоѓа.

„Седеше на маса покрај прозорец, во друштво на една госпоѓа. Поранешниот македонски премиер е осуден на две години затвор за кривично дело корупција сторено за време на неговиот мандат. Постапката утврдила дека тој влијаел на изборот на добавувач при набавка на блиндиран автомобил, незаконски прислушувал опозициски политичари и членови на власта, а е осомничен и за изборен фалсификат“,додава медиумот.

Понатаму во текстот пишува:

„Груевски требаше да оди во затвор на 8 ноември 2018 година, но наместо тоа, тој беше прошверцуван во Унгарија неколку дена подоцна под сè уште неразјаснети околности. До денес е сомнително и во која постапка добил азил кај нас“ наведува Радио Слободна Европа на унгарски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e