Промовирани 22 книги од четири едиции

Министерството за култура денеска промовираше 22 книги од четири едиции: „Најпознатите битки и војни во светската историја“, „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познати личности од повеќе општествени сфери“, „Превод на значајни остварувања од областа на спортот и здравиот живот“ и првите преведени наслови од едицијата „Најдоброто од светската  архитектура, сликарство, скулптура, дизајн и орнаментика“.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека четирите едиции се надоврзуваат на низата капитални проекти од областа на литературата и издаваштвото кои беа реализирани во изминатите години.

Новите наслови од едициите за познати битки и за биографии и автобиографии ги промовираше професорот од Филозофскиот факултет Далибор Јовановски. Новообјавените книги за битките, меѓу кои за Октомвриската револуција, за поморската тактиката на Шпанската армада и стратешкото освојување на војските на Наполеон, се и богато илустрирани со фотографии, карти и цртежи, кои сликовито ги претставуваат настаните.

Во едицијата за мемоари на значајни личности  се објавени биографии за оперската певица Марија Калас, за индискиот нобеловец за литература Рабиндранат Тагоре, како и автобиографии на Дарвин, Ајнштајн, Теодор Рузвелт…

Новите наслови од едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот”, се однесуваат на менаџменот во спортот, филозофијата на спортот и неговата  практична примена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e