Промоција на новото списание „Тренд филм“ во Битола

Деновиве во издание на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“  излезе од печат новото списание за филмска уметност и филмска култура Тренд филм.

Двобројот е тематски и со заеднички наслов „Магијата на филмот“, а во него се застапени десет врвни филмски творци: Андреј Тарковски, Ингмар Бергман, Слободан Шијан, Џим Шеридан,Желимир Жилник,Милчо Манчевски, Вим Вендерс, Раде Шербеџија, Емир Кустурица и Данис Тановиќ.

Списанието Тренд филм донесува интервјуа со десетте познати филмски автори, кои говорат за сопственото филмско творештво, но и за филмот воопшто.

Списанието ќе биде промовирано на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ во Скопје. Во Битола ќе го претстават  главниот и одговорен уредник проф. д-р Христо Петрески и м-р Софија Тренчовска.

Република

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e