Прогласени најдобар полицаец и најдобар пожарникар за 2019 во Крива Паланка

Денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски им врачи благодарници,плакети и скромни подароци на најдобриот полицаец и пожарникар за 2019 година.

За годината што изминува за најдобар полицаец е прогласен Владимир Стојановски, припадник на Министерството за Внатрешни работи, Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, додека пак за најдобар пожарникар беше прогласен Слаѓан Давитковски од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Општината како институција испраќа допис до службите, полицијата и пожарната,а се одлучува по доставените предлози. На најдобрите кои постигнале вистински успех во својата работа им доделивме скромни подароци и благодарници како пракса востановена од минатата година, одавајќиим признание за совесното и одговорно вршење на работата, во служба на граѓаните.

Ваквото признание сакаме да биде поттик и за останатите, во која било друга област на дејствување, секогаш со максимална посветеност да одговараат на работните задачи-изјави градоначалникот на општина Крива Паланка,Борјанчо Мицевски.

Од страна на раководителите на институциите на наградените службеници беше упатена благодарност за укажаното внимание од страна на општината. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e