Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово

Останатите 113 се лица на возраст над 65 години. Заболените се пријавени од 26 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 422, Кавадарци – 150, Куманово – 140, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.

Во девет извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во осум – сезонска, во пет – средна, во Дебар и Ресен – висока, а во Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

– Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 3,820, појаснија од Институтот.

Од Институтот потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

– Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи согласно препораките на СЗО: постарите лица над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници, нагласија оттаму.

Заклучно со трета недела, во Република Северна Македонија вакцинирани се вкупно 72,348 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари.

Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период.

– Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари.

Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега.

Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра.

Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, изјави деновиве за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе имаат развиено симптоми налик на грип, да бидат изолирани и да не одат во училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e