Приведени три лица од тетовски Пирок за напад на роднина

Триесет и осумгодишник од тетовското село Пирок вчера бил нападнат од тројца негови блиски роднини откако го виделе како излегува од дома.

Напаѓачите, според пријавата на нападнатиот, користеле тврди предмети, а подоцна се и приведени во тетовската полиција.

– Во тетовското село Пирок, од полициски службеници на СВР Тетово се лишени од слобода Е.К.(18), Н.К.(43) и Н.К.(66), кои физички го нападнале 38-годишниот Л.К. од ова село. Во нападот тие користеле и тврди предмети.Тројцата напаѓачи задржани се во Полициската станица Тетово и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат денеска од СВР – Тетово.

За настанот известен е и јавен обвинител, а приведените првично се осомничени за насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e