Пристигнува бран од Африка – Од среда летни температури и спарина

ако што веќе најавивме уште пред неколку денови, новата недела која што ни почнува од утре ќе биде исполнета со невообичаена топлина и тоа поради топлиот бран кој ќе продре од северните предели на Африка кон нашата територија и најмногу ќе почнеме да го чувствуваме од среда па натака.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, оносно сончево повремено со умерена облачност но и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува по интензитет, од среда па натаму максималните дневни температури ќе бидат невообичаено високи и истите ќе бидат повисоки од нормалните за околу десет степени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат до рано – летни 25 степени, само утре наутро ќе биде малку постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени но сепак во текот на утрешниот ден температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст.

Во текот на ноќта вторник кон среда поради зголемената локална облачност ќе има услови и за слаб локален дожд што нема да биде ништо посебно, исто така на почетокот од неделата која што ни следува поради јужното и југозападно струење на висона од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок, сето ова лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните а особено врз метеопатите каде е можна појава на мачнини, главоболка, несоница, повремена нервоза но и поспаност и несоница, тежина на главата и на телото.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e