НЕМА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА: Николовски ја презеде функцијата на терен заедно со земјоделците, со тутунарите

Денеска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, официјално му ја предаде функцијата на новиот министер Љупчо Николовски. Примопредавањето се случи на терен, на откупен пункт на тутун во населбата Драчево. Со ваквото примопредавање праќаме силна порака, секогаш ќе бидеме на терен со земјоделците, за заеднички да создаваме мерки и да ги решаваме проблемите, порачаа Димковски и Николовски.

2. (1)

Димковски во изјава за медиумите потенцираше дека Николовски е човек кој одлично го познава секторот земјоделство, се враќа повторно на министерското место.


„Мене ми е многу драго што имам чест токму јас да му ја предадам функцијата на новиот министер. Пред две години, тој мене ми искажа доверба да продолжам да го водам секторот на негово место, а еве денес токму Николовски се враќа на министерското место“ изјави Димковски и дополни дека во изминатиот период направено е многу во секторот земјоделство. Тој упати честитки и искажа силно уверување дека новиот тим ќе продолжи да работи посветено за завршување на започнатите проекти и дека сигурно ќе креира нови мерки и нови проекти за развој на земјоделскиот сектор.

6.

Николовски потенцираше дека денешното примопредавање е на терен заедно со земјоделците, со тутунарите, а не во канцеларија, со цел да се прати порака дека оваа пракса ќе се продолжи и во наредниот период.

„Секогаш ќе бидеме на терен со земјоделците, секогаш ќе го слушаме гласот на земјоделците, и ќе бараме решение на проблемите. Силно ќе се борам во македонската Влада за секој еден сектор во рамки на земјоделството, да ја зголемуваме поддршката, да правиме нови реформи, да се грижиме, да има повеќе пари за земјоделството, да има подобар пласман, земјата да продолжиме да ја даваме на вистинските земјоделци, да имаме што пониски трошоци за произвдството за што ние треба да се грижиме и државата секогаш да помага. И овој прв ден го започнуваме не од министерството туку на терен на средби и ќе продолжиме секој ден со интензивни теренски средби со земјоделците. Само така може да ги дознаеме вистинските проблеми и само така може да наоаѓаме решенија и поддршка за истите“, рече новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски.

5. (1)При тоа Николовски посочи дека ќе продолжат политиките на ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште, сите природни богатства во функција на земјоделството, во функција на руруалниот развој, ќе продолжи грижата за младите земјоделци и што повеќе млади луѓе да се ангажираат во земјоделството, да се изградат модерни откупно-дистрибутивни центри, а државата ќе продолжи да инвестира во овој столб на македонската економија.
Тој дополни дека македонскиот земјоделец конечно после 11 години го доби заслужениот статус во општеството, неговиот труд е препознаен и вреднуван. Од јуни 2017-та се воспостави пракса на навремена и неселективна исплата на субвенции. Земјоделците за прв пат почнаа да ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни пред почетокот на новата производствена сезона. За прв пат за тутунарите го воведовме моделот на повисоки субвенции за тутунот по класи, донесовме нов Закон за тутун и тутунски производи, се укинаа евидентните листови, се уреди и регулира производството, прометот и контролата на електронските цигари. Се зголемија развојните субвенции за 20%. За прв пат се воведе мерката „зелена нафта“, за 50 отсто кофинансирање на трошоците за набавка на нафта. Решивиме деценски проблеми на земјоделците што се таложеја со години, како што беше исплата на долгот од Повардарие кон лозарите. Се спроведоа многу огласи, за земјата да биде кај вистинските земјоделци. Ги мотивиравме младите земјоделците да придонесуваат за овој сектор преку воведување на грантови од 20.000 евра, на жените земјоделки со грантови од 3.000 евра. Са започнаа крупни капитални инвестиции во водстопанството. Северна Македонија за прв пат стана лидер во искористеноста на европските ИПАРД фондови.

Николовски и Димковски посочија дека и во наредниот период, Владата со преку 200 милиони евра годишна вкупна финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе ја продолжи поддршката за развојно и одржливо земјоделство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e