Премиерот Заев: За 2020 година е планирано дополнително покачување на пензиите

Централна грижа во буџетот за 2020 година се луѓето, граѓаните. Така беше кога го решивме зголемувањето на минималната плата, надоместокот за стечајци, но и рекордното ниско ниво на невработеноста. Нашите сограѓани и растот на стандардот на нивното живеење се секогаш во средиштето кога ги креираме буџетите, рече премиерот Зоран Заев на прес конференција во Владата.

„Ако прашате зошто овој буџет се гледаше на повеќе владини седници, ќе ви кажам дека се гледаше буквално секој денар на граѓаните. Секако на крајот, најдобро е да се отвори буџетот, да се дискутира, отворено да се разговара за мерките, па затоа овој буџет е влог во народот, во граѓаните, во човечкиот капитал. Растот на БДП во птвиот и вториот квартал е 3,8%, очекуваме во третиот и четвртиот да е поголем. И во 2020 година ќе продолжи да расте потрошувачката. Имаме мерки кои се значајна поддршка за граѓаните да имаат пристоен живот и заработувачка. Во моментот невработеноста изнесува 17,5%, а очекуваме во 2020 година да биде можеби и помалку од 16%“, рече премиерот.

Тој истакна дека се зајакнуваат столбовите на општеството, а вложуваат во оние кои даваат услуги на граѓаните.

„25% раст на платите на специјалистите, 15% на медицинските сестри и лекарите. Солидарноста на докторите со медицинските сестри ја поздравувам и им симнувам капа, тоа значи тимско работење. Ќе имаме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството, ќе почне со изградба и новиот Клинички, во овој буџет се предвидени пари за тоа“, рече Заев.

Платите во образованието, како што додаде премиерот се историски покачени, односно 20% за 2 години и 5 месеци

„Во образованието покажуваме дека трудот на наставниците се цени, па покачуваме 10% од јануари. Ова е трето покачување од оваа влада за 2 години и 5 месеци. Севкупното покачување кај просветните работници е помеѓу 25 и 40 отсто. Одвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието“ вели премиерот.

За 2020 година, со буџетот е планирано дополнително покачување на пензиите.

„Се одлучивме на тоа, имајќи ги предвид параметрите, посебно покачувањето на мининмалната плата. Пензионерите заслужуваат, тие одработија за ова наше заедничко општество“, истакна премиерот Заев.

Во буџетот се издовени 7,3 милијарди денари за финансиска поддршка за земјоделието, а Министерството за одбрана добива 10 милијарди денари буџет.

Владата определила 100 милиони денари за мерки и политики против аерозагадување, а дополнително за истото ќе се вложат 10 милиони евра од Електрани на Северна Македонија за мерките за инвертори во домаќинствата.

Се инвестира и во патната и железничка инфраструктура, за што премиерот најави дека парите кои се определени, 3,5 милијарди денари се дополнителни, бидејќи реалните суми ги има во агенцијата за патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e