Премиерот Заев: Времето на политиките на популизам, национализам, радикализам помина

Левичарските политики се политики на прогрес и просперитет на регионот и на цела Европа, порача во своето обраќање премиерот, Зоран Заев, на Конгресот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, сестринска партија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Времето на политиките на популизам, национализам, радикализам помина. Левичарските политики ќе бидат иднината на регионот и на Европа“, оцени премиерот Заев.

Тој пренесе поздрави како премиер, од мултиетничкиот народ во нашата држава и како претседател на СДСМ, од социјалдемократите во земјава.

„Република Северна Македонија почитува што под раководство на ДПС и Мило Џукановиќ ја донесовте независноста на Црна Гора, станавте членка на НАТО и сте лидер во интеграциите на ЕУ во Западен Балкан. Ова лидерство во регионот е изразено преку најголема просечна плата во земјата, лидер во растот на БДП“, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој нагласи дека борбата за социјалдемократските вредности продолжува, за поголема социјална помош, поголеми пензии, плати, минимална плата, подобар достоинствен живот за граѓаните.

„Ќе повикам на нова преокупација во регионот што ја застапуваме и верувам ја поддржувате, да имаме 50 – 50 жени во политиката и на парламентарните избори и да дадеме шанси на младите луѓе“, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Предлогот пред делегатите на оваа сестринска партија на СДСМ, е реизбор на Мило Ѓукановиќ за претседател на ДПС и на Душко Марковиќ за заменик претседател, инаку претседател и премиер на Црна Гора.

На Конгресот се присутни гости од БИХ, Србија, Албанија, Хрватска, амбасадори, меѓународни претставници, на Социјалистичката интернационала, а во видео обраќања пораки упатија премиерот на Финска, претседателот на словенечките Социјалдемократи и Претседател на Парламентот на Словенија, претседателот на Партијата на европските социјалисти, претседателката на Групата на социјалисти и демократи во ЕП, од СДП – Германија. Се слушнаа силни пораки на поддршка на европските перспективи на Западен Балкан и реформската определеност на државите. Како важни, посочени се социјалните и економските политики и владеењето на правото. На Конгресот е изразена и солидарност и подадена рака за помош кон пријателска Република Албанија по силниот земјотрес во Драч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e