Николовски: Преку кредитирање до подобро земјоделство и рурален развој

Кредитирањето во земјоделството е неопходно не само за краткорочно финансиско јакнење на производителите, туку и за подобрување на капацитетите, нови инвестиции, зголемување на продуктивноста, модернизирање и примена на нови технологии. Тоа е и еден од најважните фактори за развој на руралните области и задржување на жителите таму, како и за подигнување на квалитетот и количината на земјоделските производи, беше речено на денешната стручна дебата од Втората работна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Македонија (НКЕУ-МК).

2

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека Владата презема интензивни мерки за полесен пристап до финансии во земјоделството. Само годинава се предвидени 30 милиони денари за субвнеционирање на каматни стапки за ИПАРД инвестициите, а во најскоро време треба да профункционира и националниот гарантен фонд кој ќе биде вид жирант за земјоделците.

“Државниот Национален гарантен фонд ќе го олесни пристапот на земјоделците до кредити а со тоа ќе се зголеми бројот на ивестиции. Токму затоа работиме во насока на воспоставување на ваков фонд. Негова почетна основа ќе биде одблокирањето на парите од јапонската помош.“ – рече Николовски.

„МЗШВ, во соработка со USAID нуди гарантен фонд кој покрива до 50 отсто од висината на побараниот кредит. За годинава предвидени се и 30 милиони денари за субвенционирање на каматни стапки за ИПАРД инвестициите.“ – додава Министерот.

Министерството и во следниот период ќе презема интензивни мерки за полесен пристап до финансии во земјоделството, затоа што кредитирањето во земјоделството е неопходно не само за краткорочно финансиско јакнење на производителите, туку и за подобрување на капацитетите, нови инвестиции, зголемување на продуктивноста, модернизирање и примена на нови технологии, велат надлежните.

1

– За да се олесни пристапот до кредит од банките и штедилниците, Владата воспостави соодветна гарантна шема, вредна 26 милиони денари, со која се покрива различната структура на земјоделските стопанства, односно кредитобарателите, од мали земјоделци до бизнис оператори и преработувачи. Преку овој фонд е обезбедена гаранција за максимум 50 отсто од висината на побаруваниот кредит чија вредност може да биде најмногу 500.000 долари“- нагласи Николовски.

По завршувањето на овој проект, додаде, треба да стартува националниот гарантен фонд.

Според координаторот на НКЕУ-МК, Милева Ѓуровска, кредитирањето не треба да ги надомести само ограничените можности за финансирање, туку, поради спецификите на земјоделството, мора да се земат предвид несигурноста во очекуваниот принос, цените и временската дистанца од настанување на трошоците до добивање на производите.

35135060_2165061667048694_1461583181919551488_n

Пред оваа сесија, во март годинава Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција ја одржа првата сесија на која исто така беа отворени важни прашања за земјоделството, а во фокусот беше ИПАРД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e