Преку ден пролетни температури, од утре дожд и снег

Денес и утре во Македонија следува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во текот на утрешниот ден ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите преку ден ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ и ПРОЛЕТНИ и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 15 степени.

Нов бран на врнежи од запад ќе има во среда и истите ќе бидат од дожд, додека на планините ќе врне снег а кон крајот на денот и вечерта провејување на снег се очекува и на надморска височина од околу, локално и под 1000 метри.

Во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието.Температурите во четврток повторно ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Во Скопје и околината очекуваме слично време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 15 степени. Во среда ќе има нови врнежи од дожд, додекаа во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер и температурата ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали.

НАПОМЕНА: Од ноќта среда према четврток територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов СТУДЕН бран од север. Биометеоролошките услови овие денови ќе бидат релативно НЕПОВОЛНИ, па така кај метеопатите се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми. Истите се советуваат да го посетат својот матичен лекар за совет, но и да ја земаат редовната терапија која им е препишана од истиот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e