Пратениците ќе го бираат Арменд Арслани за заменик-министер за здравство

Пратениците денеска на пленарна седница ќе го гласаат прелогот на премиерот Зоран Заев за заменик-министер за здравство, стружанецот Арменд Арслани.

Тој доаѓа на местото на досегшаниот заменик-министер, Асим Муса, кој си даде оставка откако беше снимен од албански медиум како прима мито од 50 евра за да му овозможи на пациент од Албанија операција во Струга.

Во биографијата која е доставена до Собранискиот спикер Талат Џафери може да се види дека Арслани бил доктор по општа медицина во „Специјализирана болница за Нефрологија“ – Струга една година, а од 2014 година е специјализант по утрологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e