Познато кога во Грција ќе се гласа за Договорот од Преспа

Кон крајот на идната недела ќе треба во грчкиот Парламент да се гласа за Договорот од Преспа.

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, изјави дека гласањето за Преспанскиот договор во Собранието ќе се случи кон крајот на следната недела, пренесува Катимерини.

По состанокот со претставници од владејачката СИРИЗА, Вуцис рече дека процесот ќе почне во следните неколку денови, најпрвин на комисиско ниво, а потоа ќе се најде на пленарна седница.

„Секој ќе има можност да се искаже“, вели Вуцис.

Моментално владејачката СИРИЗА има 145 пратеници во Парламентот со 300 пратенички места, откако коалицискиот партнер Независни Грци минатата недела ја напушти Владата. Тие се против Преспанскиот договор.

Преспанскиот договор треба да добие  апсолутно мнозинство, односно поддршка од 151 пратеник.

Во недела Грците ќе протестираат. Река ќе гласа за Договорот од Преспа.

Викенд изданијата на весниците ќе го објават целиот текст од Договорот. Ова се дел од чекорите на грчката Влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа. Резултатот од гласањето за доверба го реши прашањето на стабилноста на Владата во следните месеци и до крајот на владиниот мандат, изјави за ЕРТ портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e