Познати дел од кандидатите за градоначалници. Кој кандидат каде ?

Андреј Жерновски, актуелниот градоначалник, неодамна изјави дека од граѓаните ќе бара втор мандат, зошто има да се реализираат уште многу проекти. Тој во трката се надева на поддршка на СДСМ и Заев.

На неколкуте анкети Жерновски има висок рејтинг кај граѓаните, па доколку не ја добие поддршката на СДСМ, тој ќе оди како независен кандидат со своја листа на советници.

Директорот на ЈП ПОЦ и претседател на општинската организација на Центар, Саша Богдановиќ, исто покажува аспирации за оваа позиција. Тој се надева на гласовите на партиските верни гласачи на СДСМ, иако има информации дека трета личност ќе влета во игра, пишуваат од А1он.

За ВМРО-ДПМНЕ се прогнозира дека ќе му ја даде поддршката на Сашо Стефановски, кој е се уште актуелен директор на Фондот за здравство и претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ за Центар.

Во трката за Скопје, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оди со Коце Трајановски, според интерните анкети. Иако нема дефинитивна одлука, СДСМ сериозно размислува Петре Шилегов да ја води битката за Скопје.

Во СДСМ, засега само две имиња се вртат како релативно сигурни во трката за градоначалнички места. Тоа се Златко Марин како кандидат за градоначалник на Аеродром и Душко Весковски како кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не е утврден кандидатот за општина Аеродром, додека пак за општина Карпош извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад кандидатурата и уште еден мандат на Стевчо Јакимовски.

Доколку не се случи некаков договор, на изборите самостојно ќе настапат како коалиција и Љубе Бошковски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e