Повреден патник за „Независен“: Автобусот пред да се преврти правеше „осумки“

41-годишниот Љуљзим Далипи од Гостиварско е ден од повредените во страотната несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци. Хоспитализиран е во Градската општа болница „8-ми Септември“ со повреда на кичмата, но е во стабилна здравствена состојба. Легнат во болничкиот кревет сеќавањата ги сподели со новинарите. Пред несреќата, по бензиската пумпа, автобусот почнал да прави „осумки“, го сменил правецот, свртел на левата лента на автопатот и се превртел. Дотука Далипи бил свесен. Не знае со колкава брзина се движел автобусот, ама сѐ уште му одѕвонуваат лелекањата и плачот на другите патници.

„Околу 16 часот тргнавме со автобусот од Скопје за Гостивар. На автопатот по бензиската автобусот сврти на лева страна, удри во банкините,се преврте и потоа ништо не се сеќавам.Не забележав дали возеше брзо возачот. Хаос настана кога го смени правецот,по што патниците почнаа да викаат, да плачат и тој брзо се преврте долу од патот. Мене граѓани од местото на несреќата со автомобил ме донесоа во болницава. Кога ме ставија во возилото се освестив. Сега сум добро, имам болки во кичмата, имав посета од моето семејство,но тажен сум што има загинати за што дознав од роднините. На релација Гостивар-Скопје и обратно патувам со години. Од 2004 година работам во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, само три недели се возам со автобус до работа и назад бидејќи претходно одев со автомобил“,рече Далипи.

Повеќе на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ