Повратниците од војните – безбедносна закана за регионот

Повратниците од војните, насилниот екстремизам, тероризмот, исламскиот фундаментализам и странските борци се клучните предизвици со кои се соочува цела Европа и претставуваат безбедносна закана за регионот.

Ова е општиот став на експертите кои денеска расправаат на конференцијата „Менаџирање и преговори во кризни ситуации“, што се одржува во Охрид.

За да се совладаат предизвиците, полициските сили од регионот заеднички соработуваат и ќе се координираат.

– Фактот што има странски борци од Македонија на боиштата во кризните региони, фактот што дел од нив се враќаат, фактот што имавме ефективни истраги и фактот што имаат нивни поддржувачи, се сами по себе потенцијал за загрозување, кој треба внимателно и систематски да го следиме, анализираме, превенираме и да го сузбиваме – рече Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност.

Повратници од војните има и во Македонија, која, сепак, е стабилна на безбедносен план, на Косово, а најмногу во Босна и Херцеговина.

– Имаме зголемен број на тие странски борци и државјани на БИХ кои одат на странските боишта и се враќаат назад и стануваат потенцијална опасност како за БИХ така и за другите земји во регионот. Ние во меѓународната соработка интензивно, секојдневно остваруваме контакти со другите земји и агенции како Интерпол, Европол, со кои собираме и разменуваме податоци – рече на собирот Сани Лилиќ од Агенцијата за координација на полициските тела на БИХ.

Извор Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e