Потпишан договор за грант од Светска банка во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски информираше дека е потпишан договор за грант од Светска банка во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството.

„8.5 милиони евра ќе бидат наменети за воспоставување на систем за безбедно отстранување на нус-производи од животинско потекло. Со ваков систем се очекува да се намали емисијата на стакленички гасови од одлагањето на добитокот.
Имплементацијата на Проектот е дел од нашата долгорочна политика за обезбедување на сигурни и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани. Овој проект ќе ја подобри конкурентноста во целните земјоделски потсектори и ќе ја зајакне подготвеноста на земјоделскиот јавен сектор за пристапување во ЕУ.
Упатувам голема благодарност до Светска банка и до Делегацијата на ЕУ за поддршката која ја добиваме, не само за овој проект туку и за целиот наш развоен пат за побрзо пристапување кон европското семејство.“, рече министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e