Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на на својот Фејсбук профил информираше дека е позитивна на Ковид-19.

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.

Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.
Чувајте се“, посочи Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e