„Политико“: ЕУ аспирациите на Северна Македонија и на Албанија мора да почекаат

ЕУ аспирациите на Северна Македонија и на Албанија мора да почекаат, пишува „Политико“.

Францускиот претседател Емануел Макрон остро се спротивстави на почнувањето на преговорите за членство и на крајот преовлада над другите лидери, вклучувајќи го и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел, кои беа „за“.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, го поддржа потенцијалниот компромис што би дозволил да започнат преговори со Северна Македонија, принудувајќи ја Албанија да чека, но на крајот, лидерте исто така не можеле да се договорат за разделување на двете држави.

Членството во ЕУ се користеше како поттик од страна на ЕУ за Северна Македонија да го реши долготрајниот спор со Грција, што го направи минатата година – делумно со промена на името на земјата. Но, на крајот тие надежи беа исцрпени – барем засега – оставајќи ги официјалните лица во Скопје лути и длабоко разочарани, пишува „Политико“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e