Полицијата приведе двајца Кубанци кај Меџитлија

Граничната полиција синоќа во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“ приведе двајца кубански државјани откако се обиделе незаконски да ја преминат државната граница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од ресорното министерство информираат дека вчера во 19:45 часот кај манастирот „Св. Илија“’ во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница.

Кубанците биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e