Погледнете ја реакцијата на жителката на Тимјаник кога се запозна со децата против кои протестираше!

Можно е никогаш да немате слушнато за селото Тимјаник, Неготинско, но ова село деновиве стана популарно поради изградба на Центар за ресоцијализација на деца со посебни потреби.

Вчера, граѓаните се вознемирија кога слушнаа дека жителите од ова село протестираат против одлуката на Министерството за труд и социјална политика, неколку деца со посебни потреби да се згрижуваат во објектот во село Тимјаник, кој е во сопственост на Министерството.

Тие делеа флаери низ селото, повикувајќи ги жителите да се соберат пред основното училиште и да ја пречекаат министерката Мила Царовска, за да ѝ дадат до знаење дека сакаат градинка, а не центар за ресоцијализација.

Министерката пристигна, но не беше добро пречекана од жителите. Некои од нив велеа дека им била ветена градинка за децата, а други пак не сакаа нивните деца да гледаат деца со посебни потреби. Најголем број од жителите не беа доволно информирани за тоа што всушност значи зборот – дете со посебни потреби.

Извор: 21ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e