Почна со изградба првиот Дино парк во Скопје (ВИДЕО)

Зоолошка градина – Скопје ќе добие тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Изградбата на Дино парк почна денеска во Зоолошката градина.

Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза: од внатрешноста на зоолошката градина и влез од североисточната страна, патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се дополни со ново.

Во рамки на Зоолошката градина Скопје на површина од 2000 м2 денеска почна изградбата на новиот Дино парк со сите придружни елементи: патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор.

Билетот ќе изнесува 50 денари со неограничено време на престој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e