Плусинфо открива колку илјади евра месечно земал Крсто Муковски за патни трошоци

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, Алија Камбероски од ПЕИ и Агим Шаќири од ДУИ се тројцата пратеници на кои им се исплаќаат најмногу патни трошоци, покажува прегледот за исплатен надоместок за март и април до кој дојде Плусинфо. Секој од нив тројца зел над 150 илјади денари, а прв на листата е Мукоски.

Во март пратениците не работеа цел месец, додека поголемиот дел од април беа на работа. Станува збор за периодот кога во Собранието се одржуваше конститутивната седница, а на 27 април беше и упадот во законодавниот дом од демонстрантите од „За заедничка Македонија“.

На Крсто Мукоски кој патува од Вевчани, му се исплатени точно 156.356 денари (околу 2.500 евра). Најголемиот дел во април, 117.766 (речиси две илјади евра). По него на листата е стружанецот Агим Шаќири кој зел 154.755 денари, исто така најголем дел му се исплатени во април – 116.565. Единствениот пратеник на ПЕИ, Алија Камбероски кој е родум од струшко Лабуништа ја пополнува листата „ТОП 3“ со наплатени 150.300 денари кој како и неговите колеги, повеќе зел во април, 119.100 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e