Петрушевска: Со новиот статут жените добиваат заштита и се обезбедува рамномерна застапеност

ВМРО-ДПМНЕ врти нов лист, новиот Статут на партијата ја гарантира родовата еднаквост помеѓу жените и мажите. Жените добиваат заштита во Статутот, кој ќе ја гарантира правичната застапеност, истакна Марија Петрушевска, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петровец.

„Според чл. 16 од новиот Статут , кој вели – „ ВМРО-ДПМНЕ води сметка за родовата димензија и обезбедува рамномерна застапеност на жените и мажите во органите и телата на партијата.“

Жените повеќе нема да имаат потреба да се борат за квоти во партијата и политиката. ВМРО-ДПМНЕ со новиот Статут воведува нови стандарди, со кои партијата е таа која се грижи за нив и води сметка за родовата еднаквост по сила на Статут.

Им честитам на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како и на сите жени во партијата, овој Статут е плод на нашата долгогодишна посветеност и труд, со кои и го загарантиравме местото на жената во партијата и политиката.

Статутот ја промовира еднаквоста и е одраз на најголемите европски и демократски вредности.

Ова решение е комбинирано и е резултат на студиозен пристап на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на жени на партијата во проучување на Статутите на партиите на модерните европски земји, како Германија, Австрија, Франција и други.

Дополнително во таа насока се гарантира и се води сметка и посебна грижа за застапеноста на младите во органите и телата на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го доби најмодерниот Статут на Балканот. Поставуваме нови стандарди и на дело ги покажуваме нашите изворни вредности.“, посочи Петрушевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e