Петровска: Ставревски не може да биде шеф на СВР Скопје, го има во бомбите

Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје.

 Информацијата за Алсат ја потврди лично Петровска појаснувајќи  дека добила вкупно 11 решенија, од кои потпишала  10, а го дисквалификувала Ставревски. Тој не бил прифатлив оти се слушнал во бомбите за изборни нерегуларности.

Предлогот за негово именување го дал техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува Чулев да предложи и други назначувања, за исполнување на нормата од 15 измени на лидерските позиции во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e