Петровска со демант: Според епидемиолошката анкета оценето е дека нема потреба да одам во самоизолација

Најостро ги демантирам пишувањата во некои медиуми дека се наоѓам во самоизолација и дека со денешната прес конференција сум ја прекшила мерката, истакна дополнителнта заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

„Повторно информирам дека согласно направената епидемиолошка анкета оценето е дека нема потреба да одам во самоизолација, со препорака и понатаму да носам лична заштитна опрема и да ги почитувам мерките за заштита.
Со ширењето лажни вести нема да ја скриете вистината за оние кои ги прекршуваат мерките“, посочи Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e