На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска на говорница извади фотографии од апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделство.
Според фотографиите што Петровска ги прикажа, директорот бил уапсен на подземниот паркинг во Џевахир, каде стан според Петровска имал и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
„Локацијата на апсењето на директорот е во подземна гаража од каде се оди кон станот на Цветан Трипуновски“ рече Петровска.
Петровска кажа дека тој податок околу локацијата на апсење никогаш не била објавена и го праша министерот за внтрешни работи Панче Тошковски директорот имал намера да ги однесе парите на министерот и дали поради тоа бил уапсен на паркингот пред да отиде кај министерот?
„Го уапсивте само директорот а не и крајниот корисник на тие средства“ рече Петровска
