Петров: САД и ЕУ потврдија дека подобар предлог од овој нема да има, тоа е најдобриот кој ги заштитува македонските национални интереси

„Не сум ја читал програмата, но она што Муцунски го зборуваше дека нема подобри услови, дека се за уставни измени, но за нивно одложено стапување на сила. Прво, во она што тој го кажува тоа во неколку наврата беше директно одбиено и од самите претставници на ЕУ и СДСМ го има веќе дадено во рамки на преговорите и тој предлог е отфрлен. Денес, слушнав изјава од професорката Ванковска, која е претседателски кандидат и која ја разбира таа проблематика, каде што вели дека правно, уставно таква форма не е возможна, да го смените Уставот ама тој да не стапи во сила сега, туку со одложено дејство, и тоа е уште една дилема која ќе се отвори. Суштината е иста, и не се проблематизира влезот на етничките заедници, како Бугарите, Хрватите итн, туку се проблематизира кога тоа ќе се случи, сега или после 6 години. Што е тука проблемот? Што додека тоа се случи државата ќе стои во место,“ рече Андреј Петров, член на Извршниот одбор на СДСМ на Топ Тема на ТВ Телма , во врска со одредени идеи од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ставот на СДСМ не е дека тоа е најдобар предлог, туку тоа го истакнал и потсекретарот на САД во изјава во која се вели дека „подобар предлог од овој нема да има, тоа е најдобриот кој ги заштитува македонските национални интереси.“

„Ако ја имаме таа изјава од Вашингтон кој е наш стратешки сојузник, ако ги имаме ставовите од од Брисел, очигледно е дека многу се разговарало. Проблемот го нема Бугарија, ние го имаме проблемот. Тие се членка на ЕУ, ние сме надвор од ЕУ. Сакам да истакнам дека, никој не го ставил на коцка македоснкиот идентитет и јазик, што се потврди и со договорот ФРОНТЕКС кој е потпишан исто на македонски јазик, различно е што и Бугарија и Грција, го потпишаа, на нашиот јазик од кој никогаш не сме отстапиле,“ рече Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e