Петров до Неловски: Кој од ВМРО-ДПМНЕ се има оградено и извинето за 27 април?

Се уште се навикнувам кога ќе ме претстават како потпретседател на СДСМ. Имам завршено политички студии и секогаш ме интересирала политиката. Моја одлука да влезам во политиката беше кога видов што се случуваше на 27 април и тогаш реков дека не сакам да живеам во таква земја, рече потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во емисијата 200 на Алсат.

„Не сметам дека политичка функција треба да биде синоним за успех. Самата функција носи предизвик и успех, но тој треба да се види откако ќе заврши партиската функција“, рече Петров.

Владимир Неловски од ВМРО-ДПМНЕ пак, возврати дека до 2006 година играл фудбал на улица, а тогаш почнале да се градат игралишта, па затоа одлучил веднаш на 18 години да се вклучи во политиката. Вели, како растел во партијата, дошол на позиција да им помага на младите.

Според Петров, партиските вработувања се случуваат со декади, а неговата примарна цел за влегување во партијата е да се докаже дека младите можат да успеат и без да бидат член на партијата. Од СДСМ пак, го увериле дека не вработуваат партиски што нему му се допаднало.

„Она што е најважно е да следиме кои се темите на кои разговараат луѓето и да работиме на тие теми. Многу ме нервира наративот дека воздухот е проблем на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ. За таа тема треба да разговараме и да покажеме проактивност. За тоа, за минималната плата треба да има консензус“, рече потпретседателот на СДСМ.

Владимир Неловски пак, смета дека Коста Петров немало да може да го „избистри“ СДСМ, бидејќи тој дал изјава дека треба да се почне да се верува на политичарите, но не можел да верува искрено во тоа што го Петров го кажал.

„Не гледам дека откако тој е потрпетседател дека наративот и мајндсетот на владејачката партија е сменета. ВМРО-ДПМНЕ веќе две години има нов претседател и нови структури, следствено по одреден период да се менуваат луѓето“, рече Неловски.

Петров пак, го праша какво чувство му будат снимките од 27 април, на што Неловски рече дека премногу се зборува за тоа.

„Кој од партијата се има оградено и се има извинето за случувањата? Кој е ставот на партијата? Дали вие се оградувате од тоа што се случи на 27 април, зборувам за луѓе кои влегоа во Собранието, меѓу кои и вашиот претседател и сакаа да убијат луѓе, праша Коста Петров, на што Неловски не одговори дали ги осудува на настаните, туку само дека осудуваат насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ