Петковски: Ќе има помала излезност од претходните парламентарни избори

Треба да има добри избори, како што беа претседателските, без големи драми, инциденти, и тоа би било добро и за нас и за имиџот на државата. Повторно ми е како клише прашањето – чекај да ја видиме таа нова методологија, да видиме што е стратешката идеја, дали сакаат или не сакаат. Немаат морков во моментов, и мислам дека така се чувствува и нашата Влада. Дека свесни се дека што и да направат дека тоа нема да има влијание на генералната слика, разговарајте со политичари мислам дека ќе го добиете тоа чувство, изјави извршниот директор на Центарот за европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски.

„Голем е влогот, кампањата е за контрола на некоја група интереси врз четири милијарди евра буџет. Влогот е голем, така што кампањата ќе потрае, ќе биде веројатно валкана, и мислам дека ќе се прекршува целата кампања и исходот на изборите од тоа дали луѓето се плашат повеќе од ВМРО или повеќе се разочарани од власта. И ќе се промовира некаква политика на страв од власта, додека од ВМРО ќе имате класични приказни за тоа кој колку крадел, помалку или повеќе итн. Така некако ќе се прекршува целата кампања, што нема да води кон поголема излезност, негативните кампањи генерално земено намалуваат излезност. Мислам дека ќе има помала излезност од претходните парламентарни избори и од таа излезност ќе зависи кој ќе извади повеќе гласови. Апстиненција ќе има, разочарување има, итн. Меѓутоа ќе видиме дали политиката на страв промовирана од власта, страв од ВМРО, страв од тоа што се случуваше, колку е долго сеќавањето на луѓето, од тоа најмногу ќе зависи исходот на изборите“, додава Петковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e