Пендаровски во Кочани: ЕУ и НАТО носат подобар живот, нови вработувања и перспектива за младите, затоа сите заедно напред!

„Со добивањето на датум за почеток на преговорите, од европските фондови ќе ни бидат достапни огромни средства. И сето ова носи подобар живот, стандард, нови работни места, инвестиции. За земјоделците исто така се отвораат можностите и преку овие фондови но и со тоа што нашите производи ќе бидат конкурентни на пазар од 500 милиони жители. Перспективите за младите се тука, за образование, патување, обука, нови и добро платени работни места. Ниту една држава не успеала да го реши проблемот со иселувањето ако не е дел од европскиот пазар. Сите претпоставки за економски развој ги имаме. Северна Македонија покажува стапки на раст како што не сме имале до сега. Тоа покажува дека сме на добар пат и треба да продолжиме напред. ЕУ и НАТО носат подобар живот и затоа сите заедно напред“, рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека решавањето на отворените прашања и европските интеграции се клучот за сигурна и стабилна идинина.

„ Најмоќниот воен сојузник ни ги отвори вратите, на чекор сме до полниправно членство во НАТО и седиме на иста маса со најсилните држави во светот. Никогаш повеќе за судбината на Северна Македонија нема да се решаваат други, иднината е обезбедена, одиме напред“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e