Пендаровски во Арачиново: Арачиново знае да избере напредок и да поддржи концепт за зедништво, заедно одиме напред!

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии од сите етнички задници,  на трибина со жителите на Арачиново, рече дека граѓаните од ова населено место знаат да изберат, да го поддржат напредокот и концептот за заедништво.

„Јас нудам заедништво, напредок, интеграција и членство во НАТО и ЕУ. Со приклучувањето кон ЕУ, НАТО, се отвораат нови перспективи за подобар живот за сите. До сега видовте што нудам јас а што нудат другите. Јас мислам дека не нудат ништо освен враќање назад. Разликата е како небо и земја, како црно и бело. Заедно напред е слоганот на мојата  кампања. Во тие два збора е содржрано и она во што верувам, дека заедно можеме и треба да одиме напред, дека напредокот започна и враќање назад нема. “, рече Пендаровски.

Пендаровски побара сите граѓани заедно, сплотени да продолжат по патот по кој тргна Северна Македонија. На 21-ви април да го избереме коцнетот за напредок, да го избереме број 3, да не дозволиме никој да не враќа назад, да продолжиме напред, заедно напред!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e