Пендаровски: Вашата правда е и моја правда но вашата неправда е моја грижа

Ги фрливме стегите на режимот на буништето и сега чекориме кон патот кон интеграцијата, економскиот развој и целокупниот општествен наредок и на тој пат не сме осамени. Погледнете околу нас, илјадници други стапки го чекорат овој пат и денес, баш како и пред три години, го одиме чекорот заедно. Заедно оддиме напред, им порача Стево Пендаровски на присутните на централниот митинг.

Пендаровски е цврсто уверен дека сега се гради општество за сите.

“Определени сме за правда правна држава и горди сме што еве веќе две ипол години тој концепт е препознаен како концепт за прогрес и успех. Градиме општество каде што сите сме еднакви пред законите и сите институции се определени за тоа дека нема место за  криминал и корупција”, рече Пендаровски.

Тој на присутните им порача дека како претседател правдата на сите граќани ќе биде и негова правда додека неправдата ќе биде негова обврска и грижа.

Пендаровски се обврза дека ќе води политики на заедништво а не на поделби и како претседател кој ќе води напред кон членство во ЕУ и НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e