Пендаровски: Ситуацијата со ковид-19 е исклучително сериозна, за вонредна сосојба не се расправаше

Ситуацијата е исклучително сериозна и додека нема вакцина граѓаните доследно да ги почитуваат пропишаните мерки, порача шефот на државата Стево Пендаровски по завршувањето на деветата седница на Советот за безбедност посветена на ситуацијата со ковид-19.

Тој информира дека на седницата присуствувале сите членови на советот освен Марковски и министерот Оливер Спасовски. Министерот за здравство Венко Филипче информирал за актуелната ситуација со ковид-19, за најновата состојба, работата на комисијата за заразни болници и за болниците, а премиерот за мерките за економијата и за функционирањето на Централниот кризен штаб.

Поради еснскиот бран на пандемијата здравствениор систем се реорганизира, се ангажираат доплнителни капацитети се прават напори да се тестираат што е можно повеќе лица, и да се згрижат и третираат што е можно повеќе пациенти. Но сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува. Сведочиме дека и најразвиените земји тешко излегуваат од оваа ситуација без преседан. Не постојат мерки препорачани од СЗО а да не се применуваат кај нас. Разликата е во нивото на почитувањето од граѓаните и од имплементацијата на законите од институциите. Сакам да нагласам дека ни во Владата, ни во министерството, ни во комијата не е собран сиот ум и искуство во светот, така што секоја добронамерна и конструктивна критика за подобрување на нашиот национален одговор е добредојдеа. Постои подготвеност сите добри предлози да бидат прифатени, не во очекувам оваа ситуација некој да добива на политички поени. Им оддавам признание на сите во здравствениот сектор. Ситуацијата е исклучително сериозна, човечките ресурси се ангажирани максимално а со оглед на тоа што доаѓа сезоната на сезонски грипови за да истраеме потребна ни е одговорнос. Апелирам во отсуство на вакцина нема друга алтернатива освен доследно почитување на сите протоколи. Направете го тоа за себе и својте најблиски – изјави Пендаровски.

На прашање дали се зборувало за воведување вонредна состојба, Пендаровски изјави дека тоа не било тема и повтор дека вистинското место за дискусија на таа тема е Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e