Пендаровски: Постои демократски амбиент и добар исчекор напред државата да добие претседател за сите

Одговори на новинарски прашања,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Радовиш, 18.03.2019

П: Очекувате ли фер и демократски избори?

За разлика од минатите избори на кои бев кандидат во 2014 година, сега очекувам, затоа што амбиентот е комплетно променет. Во тој период знаете дека државата беше заробена од една тесна врхушка од владејачката партија, дека администрацијата не беше слободна во своето изјаснување, дека медиумите не беа слободни немавме еднаков пристап во нив, дека практично сите битни сегменти во државата беа контролирани, да кажам еден благ збор. Денеска, демократскиот амбиент е сосема различен сега секој слободно може да си го каже своето мислење и да гласа за оној кандидат кој мисли дека најдобро ќе ги претставува неговите интереси. Значи сигурен сум дека овој пат за разлика од 2014 година ќе добиеме кредибилен победник, односно победник на кој останатите ќе му честитаат бидејќи волјата на граѓаните ќе биде реално пресликана на изборниот ден.


П: Господине Пендаровски дали госпоѓата Силјановска е еден сериозен противкандидат?

Се разбира дека е, исто како што е и господинот Блерим Река со кој сум имал чест да соработувам и во минатото преку десетина години кога беше наш амбасадор во ЕУ. Очекувам бидејќи сме сите универзитетски професори и сме луѓе во години со извесен политички, па и професионален стаж зад себе, дека тоа ќе биде една достоинствена дебата во која ќе ги соочиме концептите. Јас сум убеден дека мојот концепт кој го нудам ќе добие мнозинство гласови на изборите меѓутоа се разбира дека имам намера да го испочитувам нивното право да кажат што мислат за своите програми, и што мислат за она што јас го нудам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e