Пендаровски: Не можам да видам која партиска или државна логика би барала изборите да се поместат

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „200“ на Алсат М, оцени дека не е разумно да се одложи датумот на изборите во овој период.

Според Пендаровски, закажување на датумот на изборите по шест месеци било неопходно заради формирањето на техничката Влада на сто дена пред изборите.

– И така влегуваме во изборна година, 12 април е само неколку месеци од редовниот термин за избори, и не можам да видам која партиска или државна логика, би барала тие избори да се изместат, вели Пендаровски.

Претседателот, исто така, посочува дека одложувањето би значело и поместувања на плановите на заедницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e