Пендаровски: Не можам да го земам мандатот и да го чувам во фиока, Заев е на пат да обезбеди мнозинство

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека ако лидерот на СДСМ, Зоран Заев не обезбеди 61 пратеник за 20 дена, тој ќе го врати мандатот.

„До овој момент ниту една политичка страна нема 61 пратеник. Најмногу прашања беа дали и на кој начин тој ме увери дека има мнозинство, но Заев се јави вчера и рече дека во преговорите со партиите тој е на добар пат да обезбеди мнозинство. До денес ниту една партија не се јави, а мене роковите ми течат. Што требаше да направам да го земам мандатот и да го чувам во фиока? Во таква ситуација го кршам Уставот“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека не му барал гаранции на Заев, но доколку го врати мандатот, нема гаранции да му бара ниту на Мицкоски за обезбедено мнозинство.

За најавата на Мицкоски дека ќе ги замрзне односите со претседателот тој рече дека тоа е негова одлука во едно демократско општество, но вели дека е сигурен дека ако Заев не обезбеди мнозинство Мицкоски прв ќе го побара мандатот од него, и покрај замрзнатите односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e