Пендаровски ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот, пред кои посочил на соживотот и почитувањето на различноста како една од темелните вредности на државата.

– Пред поглаварите и претставниците на верските заедници претседателот ја истакна неговата заложба да соработува со сите верски заедници во Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција. Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравиле иницијативата за одржување на денешната средба и посочиле дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење мир и почитување.

На средбата присуствуваа поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во државава Берта Романо Николиќ, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e